Во Македонија ќе се произведуваат делови за „Ауди“, Мицкоски: 2000 нови работни места

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Христијан Мицкоски најави нова инвестиција на германската компанија „Кромберг и Шуберт“, која ќе произведува делови за автомобилскиот гигант „Ауди“.
Според најавата, инвестицијата предвидува отворање на 2.000 нови работни места, што би претставувало значаен придонес за домашната економија.

“Ова е важна вест за нашата економија, но уште поважна за граѓаните, бидејќи зад секое ново работно место стои нова можност, поголема сигурност за семејствата, нова надеж и подобар живот”, соопшти премиерот Мицкоски преку објава на социјалните мрежи.

Мицкоски порача дека Владата ќе продолжи со привлекување странски инвестиции и создавање нови можности за вработување