На 14.10.2026 попладне на излез од Македонија на граничниот премин Табановце, полицијата го лишила од слобода М.Н.(34) од Црна Гора, откако при проверка на „бмв“-то со црногорски таблички кое го управувал, преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека сториил кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
„Имено, претходно на автопатот Скопје – ГП Табановце, кај клучка Дељадровци, управувал со возилото со брзина од 185 километри на час на место каде максимално дозволената брзина 100 километри на час. Тој бил спроведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, соопштија од МВР.
