Премиерот Христијан Мицкоски вечерва ќе гостува во емисијата „Клик плус“ на ТВ21, каде што ќе одговара на прашања за најактуелните политички и економски случувања во земјава, односите во владејачката коалиција и европската перспектива на Македонија.
Во разговорот со водителот Един Растодер ќе бидат отворени темите поврзани со надворешната политика, средбата со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, како и евроинтегративниот процес и перспективите на земјата на патот кон Европската Унија.
Посебен акцент ќе биде ставен на економските состојби, новите инвестиции и животниот стандард на граѓаните, како и на функционирањето на владината коалиција, соработката со ВЛЕН и политичките односи со ДУИ.
Меѓу темите за кои ќе се разговара се и односите со опозицијата, позициите на СДСМ и можноста за одржување предвремени парламентарни избори. Ќе се дискутира и за реформите во правосудството, работата на Владата и други прашања од јавен интерес.
„Клик плус“ со премиерот Христијан Мицкоски се емитува вечерва, во четврток, со почеток во 21:30 часот, во живо на ТВ21.
