Состанок на лидерите на Тајланд, Камбоџа и Малезија, со цел обезбедување прекин на огнот во граничниот конфликт меѓу Тајланд и Камбоџа, започна денес во малезиската административна престолнина Путраџаја, изјави малезиски функционер за Ројтерс.
На состанокот присуствуваат и амбасадорите на Соединетите Американски Држави и Кина, рече функционерот.
Средбата се одржува во официјалната резиденција на малезискиот премиер Анвар Ибрахим, претседател на регионалниот блок на АСЕАН.
