Се уште нема решение за намалување на платите на функционерите, но се очекува да има до крајот на месецот, најави вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи. Тој рече дека парите што ќе останат ќе ги добијат пензионерите, студентите и оние на кои им требаат повеќе отколку на функционерите.
Министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, извести дека според новата методологија со општиот колективен договор во септември 2024 се очекува зголемување на платите на вработените во јавниот сектор.
Инаку, властите најавија дека се работи на 7 измени на законите со цел да се намалат платите на 1260 функционери, кои добија покачување на платите од 78%. Сепак во март 2024 година, минималната плата ќе изнесува 22 500 денари.
