Во месецот на Рамазан се помага на најразличен начин. Верниците ја изразуваат љубовта кон другите помагајќи им на тие што имаат потреба. На многу места можат да се видат киосци и фурни кои донираат бесплатно храна и леб.
„Ако немаш, земи, ако имаш, подари. Овде во еден киоск во Скопје поставен е овој натпис каде сите оние кои не можат да си купат храна, од овде можат да земат бесплатно“, вели репортерката на ТВ21.
Овој киоск се наоѓа на влезот на Шутка. На полиците има сокови, вода, масло, млеко и друго кои можат да се земат бесплатно, за оние кои нем можат да купат.
Во еден друг киоск и фурна во близина на Визбегово исто така се дели бесплатно храна.
Овие 2 деца добија бесплатно леб во фурната на село Батинци.
Сопственикот на фурната, Џељил Тотај вели дека има многу сиромашни семејства кои редовно добиваат леб.
„На тој што му треба, зема и продолжува, никогаш не му бараме пари, ништо. Сега не можам да ги обврзам зошто не платил, тој што нема знае, зема и продолжува“, вели Џељил Тотај.
Тој додаде дека оваа традиција ќе продолжи и по Рамазан бидејќи, како што рече, има лица кои оставаат пари со цел сиромашните да добијат бесплатно.
