Најмалку четири лица се убиени во пукање во камп за мигранти во близина на Дункирк, јавуваат француските медиуми.
Петтата жртва е убиена надвор од кампот, пренесува Скај Њуз повикувајќи се на француски медиуми.
Извори за Скај Њуз изјавија дека инцидентот се случил во Лун-Плејџ и дека полицијата потврдила „повеќекратно убиство“.
Човекот кој тврди дека е напаѓачот се предал во блиската полициска станица Гивелде, јавуваат француските медиуми.
