Во Минск уапсени 20 жени, меѓу нив и поранешната Мис на Белорусија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Белоруската полиција за разбивање демонстрации уапси речиси 20 жени, учеснички на денешниот протест на Плоштадот на слободата во центарот на Минск.

Според очевидци, меѓу уапсените е и Олга Кижњикова, поранешна мис на Белорузија за 2008 година, и таа, како и другите уапсени жени, со комбе била пренесена во полициска станица.

Полициските сили формираа кордон околу неколку централни улици, но сепак таму била видена голема група опозициски сили, но тие сè уште немаат формирано колона, јавија локалните медиуми.