Во нападите од Израел убиен портпаролот на Хезболах

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во израелски напад врз зграда во густо населена населба Бејрут во неделата беше убиен шефот за односи со медиумите на Хезболах, Мохамад Афиф, изјавија за Ројтерс два либански безбедносни извори, иако Хезболах сè уште не ја потврдил информацијата.

Израелската армија одби да ја коментира информацијата на прашањето на Ројтерс. Нападот го погоди округот Рас ал Наба, каде што се населиле бројни жители раселени од јужните предградија на Бејрут, барајќи засолниште од израелските бомбардирања.

Безбедносни извори соопштија дека нападот ја погодил зградата во која се наоѓаат канцелариите на партијата Баас, а лидерот на партијата во Либан Али Хиџази за либанската ТВ Ал-Џадид изјавил дека во зградата во тој момент бил и Афиф.