Кандидатот за претседател од новоформираната партија ЗНАМ, Максим Димитриевски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека во Уставот на Македонија има место за сите, но не прифаќаме уцени и притисок.
„НИе како Македонци сме биле секогаш широки како народ, но никогаш не сме прифатиле уцени и притисоци, во нашиот Устав има место за сите, проблемот е негацијата која што доаѓа од Бугарија“, вели Димитриевски.
