Во поликлиниката во Чаир нема чешми за вода – директорката вели пациентите ги крадат

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пациентите кои одат на преглед во поликлиниката Чаир се жалат дека нема каде да ги измијат рацете и да одат во тоалет. Причината е што нема чешми, или не е функционираат. Освен тоа, таванот е распукан и нема светло.

„Пациентите кои доаѓаат во оваа поликлиника во Чаир се револтирани затоа што во време на пандемија нема каде да ги измијат рацете или да одат во тоалет. Тие бараат од надлежните веднаш да го решат проблемот. Одговорните во поликлиниката велат дека тоалетите биле реновирани пред 4 години, но пациентите ги крадат чешмите и сијалиците“, истакна репортерката на ТВ21.

Управникот на Поликлиниката во Чаир, Селајдин Мемети, вели дека тоалетите се одржуваат, но има и пациенти кои крадат санитарни материјали. Ветува дека сите тоалети ќе бидат реновирани следниот месец.

„Сите тоалети во поликлиниката Чаир се реновирани пред 4 години, но за нивната хигиена се грижат хигиеничари според утврдениот распоред. Неколку пати од реновирањето на тоалетите, имавме случаи кога беа украдени чешми од тоалетите, течен сапун, сијалици, капаци за тоалети. Во наредните денови ќе бидат преземени конкретни мерки за санитарно регулирање и чистење на тоалетите“, посочи Селајдин Мемети.

Од Министерството за здравство велат дека одговорноста за одржување на поликлиниките ја имаат Институтите за јавно здравје, кои се независни правни лица и управуваат со институцијата. Тие треба да се грижат за правилно функционирање на овие институции, за граѓаните за да имаат квалитетна здравствена заштита.