Општините Дебар и Маврово-Ростуше место во Шестата ќе бидат во Петтта изборна единица, ваква одлука, донесе Собранието со 75 гласа “за„.
Прекројувањето на границите на изборните единици доаѓа по изгласувањето на Предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик и Предлог законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени.
На прекројување на границите на изборните региони инсистираше ДУИ. Вицепремиерот Бујар Османи неколку дена пред да влезе предлогот во Собрание, изјави дека неговата партија свесно го кочи Изборниот законик, поради нерамномерна распределба на гласачите.
Според препорака на ОБСЕ да се сменат границите на Шестата бидејќи една изборна единица не смее да има 5% повеќе гласачи од другите.
„За прв пат во четири изборни единици имаме девијација над 5% која што е надвор од законските ограничувања. Разликата меѓу шесттата ИЕ и третата ИЕ е околу 40.000 гласачи, со што ги прави гласачите нерамноправни, односно нивниот глас при нивниот избор“, истакна Бујар Османи.
ДУИ во парламентот ги блокира другите два предлога за измена на Изборниот законик, со кои се предвидува воведување една изборна единица за парламентарни избори и отворени листи за советници на локални избори.
Овие предлози се на помалите парламентарни партии, така што главно ДУИ, но и ВМРО-ДПМНЕ, ја блокираат процедурата за нивно евентуално донесување со илјадници амандмани.
Што се однесува до изборните единици, регуларни според бројката на гласачи се единствено првата и петтата ИЕ. Во втората и шестата ИЕ има пречекорување, додека во третата и четвртата е регистриран значително помал број на гласачи.
