Во предвечерието на Велигден: Кулминација на се што Бог направил во историјата на спасението

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов упати честитка, по повод празникот Воскресение Христово – Велигден.

Тој во обраќањето вели дека сме соочени со најразлични општествени предизвици, како што е вештачката интелигенција, на што општeството допрва треба да даде одговор за да се зачува човечкото достоинство, обидите да се испишува нова антропологија во која нема место за Бог.

„Нашата вера во Воскреснатиот Господ може да ги победи сите стравови, вознемирености, неволји и грижи со кои се соочуваме. Христос го победи гревот и смртта. Гробот не можеше да Го задржи. Така Христос ќе го победи сѐ она што претставува грев, закана и го загрозува човештвото, кое што Тој го љуби и таа љубов ја посведочи со својата смрт и воскресение, правејќи нѐ соучесници на неговото воскресение. Тој е Алфа и Омега, Почеток и Крај. Тој го победи светот!“