Во прекин сообраќајот од клучка кај с. Тремник до клучка Демир Капија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

АМСМ информира дека во прекин е сообраќајот од клучка кај с. Тремник до клучка Демир Капија.

„На 01.10.2024 година од 10.30 часот на Р-1102 од клучка кај
с. Тремник до клучка Демир Капија, поради изведување градежни работи сообраќајот е во целосен прекин и истиот се пренасочува преку автопатот“, велат од АМСМ.