Во пролет знамето на РСМ во НАТО – Амбасадорката на САД во НАТО и честита на земјата за заложбите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Наскоро, до пред лето, знамето на РСМ ќе се вее во Брисел заедно со знамињата на 29-те земји членки на Алијансата, најави амбасадорката на САД во НАТО.

„Скоро сите наши сојузници дадоа зелено светло за Северна Македонија. Една од државите ја формира Владата, што е прашање на постапка, затоа сметам дека наскоро ќе можеме да и посакаме добредојде на Северна Македонија. Тие направиле извонредна работа со реформите и се заложија за ова членство, имајќи трпение и лидершип за прашањето за името што беше клучно за да започне овој процес за членство, затоа сме многу среќни што во пролет ќе ве пречекаме на нашата маса“, посочи Хачисон.

Зборувајќи за надворешните влијанија против членството на РСМ во НАТО, Амбасадорката Хачисон, изјави дека Алијансата силно работи за спречување на хибридни и сајбер напади.

„Исто така треба да кажам дека за жал некогаш не можеме да ги спречиме но можеме брзо да излеземе во медиуми и да известуваме дека нешто што е малигно доаѓа и дека е напад врз човековите права или Владата“, истакна Кеј Бејли Хачисон.

За овие и други прашања, американската амбасадорка во НАТО, одговори пред почетокот на Самитот на Министрите за одбрана на земјите сојузници на Алијансата.

Протоколот за членство на РСМ во НАТО, веќе го ратификуваа 28 земји членки, остана само Шпанија поради формирањето на Владата.