Асфалтирана улицата „Мехмет Паша Дерала“ во Тетово, инвестицијата од 30 милиони денари поврзува три булевари

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Тетово заврши асфалтирањето на улицата „Мехмет Паша Дерала“, една од најфреквентните улици која поврзува неколку делови од градот и поминува покрај Тетовската болница. Улицата е долга над 1200 метри и има просечна ширина од околу 7 метри. Градоначалникот на Тетово, Билал Касами, изјави дека оваа улица се смета за една од главните артерии на градот и дека со новото асфалтирање се очекува да се олесни сообраќајот во овој дел од Тетово.

„Станува збор за улица која е една од главните артерии на нашиот град, а која сега, со оваа инвестиција, доби модерен изглед. Оваа инвестиција подразбира целосно асфалтирање на оваа улица, со просечна ширина од околу 7 метри и должина од над 1200 метри. Исто така, сакам да потенцирам дека вкупната инвестиција во оваа улица достигнува вредност од околу 30 милиони денари. Уште еднаш, ова е многу важна инвестиција за патната инфраструктура на нашиот град.“, изјави Касами.