„Во Ресен првите случаи повторно од семејна прослава, уште еднаш апелираме на почитување на мерките“, рече Филипче

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот Венко Филипче откри дека првите случаи на Ковид-19 во Ресен се регистирани после семејна прослава, што е најчеста причина за ширењето на новите случаи на коронавирусот.

„Во Ресен има 19 дијагностицирани лица, првите случаи повторно од семејна прослава. Заседаваше локалниот кризен штаб, и доенсена одлука во компаниите каде работат 600 луѓе, да не одат на работа, да се елиминира можноста од контакти, и со тоа да се спречи ширењето на вирусот“, рече Филипче и уште еднаш апелираше да се почитуваат мерките.

„Уште еднаш апелирам да се почитуваат мерките, носење маски, дистанца и одржување на лична хигиена“, вели Филипче.