Во Русија за првпат од 29. април забележан е најмал број на заразени од Ковид-19. Во еден дан се забележани помалку од 6 илјади заразени.
Во последните 24 часа се забележани 5.940 нови случаи, и сега вкупниот број изнесува 777.486 лица.
Истовремено забележани се најмалку смртни случаи од 4. мај – 85. Со тоа вкупниот број на починати достигна 12.427.
Во Русија во моментов активни случаи се 211.457.
