Во руските напади во Украина загинале 10 лица, Зеленски: Ќе возвратиме кон Москва

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Украинскиот претседател Володимир Зеленски реагираше по руските напади во текот на ноќта во Украина, во кои, според првичните информации, загинале најмалку 10 лица, а неколкумина се повредени. Зеленски изрази сочувство до семејствата на загинатите и истакна дека екипите за итни случаи продолжуваат со операциите во погодените подрачја.

„Досега е потврдено дека загинале 10 лица. Моето сочувство до нивните семејства и најблиски. Многу луѓе се повредени и ја добиваат целата потребна медицинска помош“, изјави украинскиот претседател.

Тој посочи дека спасувачките екипи работат на гаснење на пожарите и справување со последиците од нападите, додека надлежните служби ги утврдуваат сите околности на настанот.

Зеленски најави дека Украина ќе возврати на рускиот напад.

„Дефинитивно ќе одговориме на овој руски напад“, порача тој, додавајќи дека одговорот на Украина треба да биде проследен и со дополнителни мерки од меѓународните партнери.

Според Зеленски, сојузниците треба дополнително да извршат притисок врз Москва и да продолжат со поддршката за Украина.