Во сабота авионско прскање против комарци на подрачјето на Скопје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Градот Скопје во сабота, на 5 септември 2026 година, во раните утрински часови ќе спроведе авионска дезинсекција против ларви од комарци на цело подрачје на главниот град.

Од градските власти информираат дека реализацијата на активноста зависи од временските прилики. Доколку метеоролошките услови на денот на прскањето бидат неповолни, дезинсекцијата ќе се одложи и ќе се изврши првиот нареден ден кога ќе се создадат соодветни услови, во истиот временски термин.

Истовремено, Градот Скопје упатува посебен апел до сите пчелари на подрачјето на скопската котлина навреме да ги преземат сите неопходни заштитни мерки за да ги обезбедат и заштитат своите пчелни семејства за време на третманот.