Во САД бројката на заразени од Ковид-19 надмина 2 милиони, во Нов Зеланд не важи повеќе социјалната дистанца

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во САД бројката на заразени од Ковид-19, надмина над 2 милиони каде што моментално е најзагрозувачката ситуација. Америка брои повеќе од 110 илјади починати.

Во Светот досега заразени се повеќе од 7 милиони лица. Починаа повеќе од 411 илјади, а оздравени се 3,3 милиони.

Во меѓувреме во Нов Зеланд, кој прогласи крај на епидемијата, животот целосно се врати во нормала. Укината е мерката за социјално дистанцирање, и луѓето можат слободно да се шетаат каде сакаат и колку сакаат.

Единствена мерка која и натаму е во сила е забранетиот влез за странски државјани во земјата.