Голем број лекари во Шпанија вчера започнаа штрајк, првпат во последните 25 години, барајќи поголемо признание за нивната исцрпувачка работа за време на шестмесечната борба со коронавирусот.
Според синдикатот ЦЕСМ, во штрајкот учествуваа 85 проценти од 267.000 здравствени работници.
Владата вчера најави дека буџетот за јавно здравје ќе се зголеми за цели 151 процент, односно за три милијарди евра, од кои 2,4 милијарди од ЕУ, за набавка на вакцини и зајакнување на јавната мрежа на лекари по општа медицина.
