Во Шпанија во последните 24 часа починале 809 луѓе

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во Шпанија во изминатите 24 часа од коронавирусот починале 809 лица, со што вкупниот број на починати порасна на 11.744 лица, соопшти министерството за здравство.

Во соопштението се наведува дека ова е втор ден како паѓа бројот на смртни случаи, пренесува Ројтерс.

Бројот на потврдени случаи во таа земја порасна за 7.026 нови, и сега изнесува вкупно 124.736.