Во Штип ќе има вонредни избори – правни дилеми за наследникот на Бочварски кој ќе биде министер

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Штипскиот градоначалник, Благој Бочварски, заминува во министерскиот кабинет на транспорт и врски, но кој ќе го наследи, уште од денеска се размислува, а законот и различно се толкува. Според едни експерти сто дена по оставката на Бочварски мора да има предвремени локални избори, а според други в.д градоначалникот може шест месеци да раководи со општината, а потоа да има предвремени избори. Бочварски на прес конференцијата рече дека овие дилеми треба да ги решат правните експерти.

„Веројатно дека во Штип ќе треба да има предвремени локални избори, кој момент да се случат тоа значи дека треба да го одреди владата, и сите овие преписки кои што имаат точно определени рокови за тоа до кога треба да се носат овие одлуки и колку може да трае мандатот на градоначалникот“, изјави денеска на прес конференција актуелниот градоначалник Благој Бочварски.