Нашата земја денеска беше дел од глобалниот настан „„Connecting Europe Express“, со кој се одбележува Година на железницата.
Европскиот воз пристигна вечерва во 22 часот на железничката во Скопје, кој претставува еден од најодржлив, најбезбеден и најиновативен начин на транспорт.
На настанот се обратија и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, и амбасадорот на ЕУ во Република Северна Македонија, Дејвид Гир.

Претходно министерот Благој Бочварски и неговите колеги од земјите на Западен Балкан во Белград го потпишаа документот „Посветеност на Железницата“, со кој се предвидува изградба на модерна дигитализирана железничка мрежа, со директни експресни возови кои ќе ги поврзуваат градовите во регионот.
