Во Словенија 1.744 новозаразени за 24 часа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Словенија во последните 24 часа од направените 6.127 тестови регистрирани се 1.744 новозаразени лица, соопшти словенечката Влада.

Во истиот период починати се 43 лица од Ковид-19, со што вкупниот број смртни случаи надминал 2.000, објави агенцијата СТА.

Хоспитализирани се 1.276 пациенти, од кои 193 се во сериозна состојба и се на интензивна нега.