Во Словенија 30 отсто од тестираните позитивни на коронавирус

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во изминатите 24 часа во Словенија беа регистрирани 1.024 нови случаи на коронавирус, а 26 лица починаа.

Беа тестирани 3.432 лица, што значи дека уделот на позитивните случаи е речиси 30 проценти (29,84).

Од појавувањето на коронавирусот во Словенија, извршени се 477.277 тестирања, со вкупно 65.148 позитивни тестови.

Бројот на активни случаи повторно надмина 20.000 по вчерашните тестирања и изнесува 20.119, пренесува РТВ Сло.

Според владините податоци, 1.244 лица се лекуваат во болници, од кои 198 на Одделите за интензивна нега.