Траектот „Марко Поло“ утринава од Анкона пристигнал во Сплит. На него имало 93 патници, од кои 9 биле италијански државјани.
Санитарните инспектори веднаш го „окупирале“ бродот и ги прегледуваат сите патници на бродот.
„Немаме информации дали некој има симптоми на грип или на болеста, но на бродот е епидемиолог и санитарен инспектор. Ако има такви патници, веднаш ќе бидат донесени во Клиниката за инфективни болести во Сплит“, рече Жељка Карин од јавно здравје на Хрватска.
Хрватската компанија „Јадролинија“ веќе ги прекина сите врски со Италија. Бродовите од утринава не патуваат кон Италија, како и во спротивен правец, од Италија кон Хрватска.
