Во Србија најмногу луѓе вложиле во криптовалути во однос на регионот

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во Србија во криптовалути инвестирале 127.461 инвеститори, што ја прави прва во Адрија-регионот по бројот на инвеститори во криптовалути во однос на бројот на жители, објави порталот Блумберг Адрија, повикувајќи се на анализата на компанијата TripleA.

Според таа анализа, инвеститорите во криптовалути сочинуваат 1,9 отсто од населението во Србија, додека на второ место се жителите на Словенија, кои се 1,7 отсто од вкупното население.

Во Хрватска криптовалути поседуваат 1,6 отсто од населението, 1,4 отсто во Босна и Херцеговина, а 1,3 отсто од населението во Северна Македонија инвестирало во виртуелни пари, покажуваат податоците на TripleA објавени од Блумберг Адриа.