Во Србија стапи на сила задолжителното снимање на техничкиот преглед на возилата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сите технички прегледи во Србија од 6. јули мора да имаат и камери и да го снимаат комплетниот тек на техничките прегледи на автомобилите.

Агенцијата за безбедност во сообраќајот на Србија истакна дека со снимањето се подигнува квалитетот на техничкиот преглед и на тој начин граѓаните се сигурни во исправноста на своето возило, како и немање простор за манипулации доколку возилото не е техничко исправно.

„Апелираме на сите граѓани пред заминување на технички преглед, да го подготват своето возило и сите недостатоци кои можат да ги воочат, за да си помогнат и себе и на лицата кои го работат техничкиот преглед на нивните возила, и на тој начин да заштедат време и пари“, соопшти Агенцијата.