Во Србија до денеска се вакцинирани 100.511 лица, пренесува „Блиц“.
Граѓаните на Србија може да бираат меѓу три достапни вакцини: Спутник-Ве, Фајзер-Бионтек и Синофарм.
После вакциниација, пријавени се 20 несакани реакции, изјавија од Агенцијата за лекови и медицински средства.
Се очекува во земјата да пристигнат и вакцините од Универзитетот во Оксфорт и од Астра Зенека.
Согласно најавите, викендов треба да се вакцинира и претседателот Александар Вучиќ кој истакна дека ќе ја прими кинеската вакцина.
