Во Тетово, 5 починати и 123 хоспитализирани – и млади кои се заразени имаат потреба од кислород

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пет починати и 123 хоспитализирани во Тетово со што овој град и натаму останува црвена зона во однос на заразени со Ковид 19. Во болницата во Тетово во последните 24 часа, 179 пациенти добиле лекарска помош што покажува дека бројот на оние чија состојба може да се влоши и да побараат помош во болница, е многу голем. Тоа што уште повеќе загрижува е дека возраста на пациенти кои имаат потреба од кислород не е над 65 години, туку има и млади кои се во тешка здравствена состојба.

„Сега имаме 123 хоспитализирани пациенти, од нив 11 се со прва доза и тројца со втора примена доза. Што се однесува до приемите, бројот е голем. Имаме 14, меѓу кои на возраст до 35, 49 и 45 години. Повеќе не доминира просечната возраст до 65 години, што покажува дека младите се позагрозени. Што се однесува до бројот на починати, за жал имаме 5 случаи меѓу кои најмладиот е роден 1972 година, што покажува дека умираат и млади луѓе“, истакна Гзим Нуредини.

Според Нуредини, сега со отворањето на болницата во Козле за заразените од Тетово, во болницата нема да се затвораат други оддели, а повеќето заразени граѓани бараат да се хоспитализираат.

„Ние со директорот размислувавме и да ги затвориме другите делови, но тоа нема да го сториме бидејќи сега ја имаме и болницата која е специјално место како болница и има капацитет за над 120 легла и ние нема да примаме случаи за хоспитализација кои не ги исполнуваат условите бидејќи паниката е поголема отколку што беше пред една недела или 10 дена“, посочи Гзим Нуредини.

Лекарите апелираат граѓаните да се вакцинираат, но да внимаваат додека чекаат за вакцинација, да не се групираат и да држат растојание бидејќи во спротивно се изложени на опасност од инфекција. ТВ21 постојано известува дека на пунктовите за вакцинација има гужва и дека граѓаните не држат растојание.