Јавното претпријатие Тетово има две плати во минус за работниците, но од ова претпријатие велат дека тоа се случува поради неплаќање на сметките од граѓаните. Лулзим Шаќири апелира граѓаните да бидат повнимателни кон сметките за вода и отпад за да можат и вработените во ова претпријатие навреме да ја земаат платата. Компанијата врз основа на пресметките инкасира вкупно од 18 до 19 милиони денари, додека за да функционира без никаков долг на компанијата потребни се 24 милиони денари.
„Имавме пад на приходите за 30%. Самата среќа, нашиот годишен приход е 60 или 61% од редовните месечни приходи од фактурирање, но овој месец падна на 40%, а минатиот месец беше 40% и тоа ни направи пречка“, вели Лулзим Шаќири.
Блокирањето на сметката доаѓа поради стариот долг што оваа компанија го има кон Управата за јавни приходи, долг преостанат од периодот 2005 година.
„Барањето за долгот од Управата за јавни приходи, кој е многу стар долг, од 2005 година. Од 2013 година има репрограмирање и има многу висока вредност и доколку тој долг се активира ни прави пречка во плаќањата”, додава Лулзим Шаќири.
Долгот кон УЈП е 105 милиони денари, долг што оваа компанија го има од 2005 година. Според податоците на, селата во општина Тетово и периферните населби воопшто не плаќаат сметки за отпад и вода.
