Во Тетово саниран дефектот на водоводот на Лешница – жителите од населба Дарданиа сè уште без вода за пиење

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Градот Тетово повеќе од 10 дена е без вода за пиење. Во текот на вчерашниот ден градоначалникот, Билал Касами, изјави дека е саниран дефектот и дека граѓаните веќе се снабдени со вода за пиење.

„По неколкудневниот дефект, денеска тимот на Јавното комунално претпријатие заврши со санација на цевката и веќе во домовите на граѓаните почна снабдувањето со вода“, истакна Биљал Касами.

Но жителите на населба Дарданиа немаат таква среќа. Тие имаат многу малку вода за пиење. Веќе 4 месеци се соочуваат со недостиг на вода. Водоводната мрежа на населбата е оштетена и тие веќе долго време имаат многу малку вода за пиење, а дел од нив немаат воопшто.

„Во населба Дарданиа нема вода од октомври минатата година. Го замолуваме градоначалникот на Тетово, Билал Касами, на жителите на Дарданиа итно да ни овозможи снабдување со вода“.

„Моментално има многу малку вода, нема воопшто притисок. Има многу различни теории за проблемот, едни велат овде е проблемот, други велат таму, но сепак треба да се најде решение. Градоначалникот вети и се надеваме дека ќе го реализира тоа ветување и се очекува следната недела да се одлучи, да се најде местото каде е дефектот, нема смисла веќе неколку месеци да немаме вода“.

Пред неколку недели градоначалникот на Тетово, Билал Касами, ја посети населбата. Вети дека наскоро ќе почне санирањето на дефектот. Според жителите, промената на водоводната мрежа на дел од населбата е најдоброто решение. При градежните работи за отворање на булеварот „Благоја Тоска“ е оштетена дел од водоводната мрежа при што цевката е блокирана со камења во овој дел од градот. Од октомври 2021 овој дел од градот се соочува со овој проблем.