Во Тетово се отстранува еко-дрвото за прочистување воздух – чинеше 25 илјади евра, но се исуши од негрижа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Општина Тетово го отстрани зелениот билборд кој беше поставен во 2017 година за прочистување на воздухот во центарот на градот. Станува збор за инвестиција на германската амбасада од 25.000 евра,  а поради недостиг на вода се исуши еко билбодот. Од општината ја обвинија претходната власт дека не се грижела за еко-дрвото и велат дека го отстраниле бидејќи било нефункционално.

Екологистот Арјанит Џафери вели дека општината многу малку прави за екологијата и не случајно Тетово е во најголем број случаи најзагаден град во светот.

„Еколошките проблеми продолжуваат во Тетово одвреме-навреме. Не само здруженијата, не само Министерството за животна средина, туку и општините треба да имаат политики како да ја надополнат животната средина во градот со засадување на што повеќе зелени површини, претворајќи ги јавните површини во паркови. На пример, касарната на Тетово да се претвори  во градски парк, целосната функционалност на јавниот превоз, со што ќе се охрабрат граѓаните да ги остават автомобилите и да се возат со автобуси. Да се отворат велосипедски патеки за да не се користат возилата, бидејќи се едни од најголемите загадувачи“, вели Арјанит Џафери.

Според Џафер, зградите во Тетово не треба да бидат повисоки од пет ката.

„Секоја декларативна заложба на едните или на другите дека се грижат за граѓаните, а во меѓувреме дозволуваат градби без дозвола или седум катни згради се празни зборови и лаги бидејќи го влошуваат и го загрозуваат здравјето на нивните граѓани“, додаде Арјанит Џафери.

Нивото на загадувањето засега е стабилно, но во зима и пролет имаше денови кога Тетово беше меѓу петте најзагадени градови во светот.