Само тројца граѓани во Тетово не ги почитувале владините мерки за полицискиот час за време на викендот, известуваат од СВР Тетово. Во Гостивар кој исто така е под СВР Тетово,владината мерка не ја почитувале 15 лица, од кои две лица се адолесценти од Скопје кои биле на Маврово. Во тетово за викенд работат околу 20 продавници кои вршат достава до дома, од каде граѓаните најмногу порачуваат основни прехранбени продукти, зејтин, сол, брашно и сокови.
Пожарникарите од Тетово од почетокот на пандемијата ги дезинфицираат сите улици во градот со натриум хипохлорит. Началникот на пожарникарите, Ука Алити вели дека оваа акција ќе продолжи и следниве денови.
Во државен карантин во Тетово се 23 лица кои се сместени во хотелите на Попова Шапка.
