Во Тетово уапсено лице барано од Интерпол поради трговија на голема количина на дрога во Германија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 05.03.2021 полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек за потрага постапија по меѓународна потерница од Интерпол Германија и вo Тетово го лишија од слобода К.И. (30) кој се барал за сторени кривични дела поврзани со трговија на голема количина на кокаин и марихуана на територијата на Германија, за кое дело според германскиот кривичен закон се предвидува максимална казна затвор од 15 години.

Лицето, според законската процедура, ќе биде испорачано на германската полиција.