Пушењето и изложеноста на тутунскиот чад и натаму се сериозен здравствен проблем во Турција, каде што годишно околу 125.000 луѓе ги губат животите од последиците поврзани со употребата на тутун.
Тоа во просек значи дека во земјата на секои четири минути умира по едно лице како последица од пушењето.
Според податоците што ги пренесува агенцијата Анадолија, околу една петтина од смртните случаи се однесуваат на пасивни пушачи, односно лица кои самите не пушеле, но биле често изложени на тутунски чад.
Турција воедно е на прво место во светот според зачестеноста на ракот на белите дробови кај мажите, како и според бројот на смртни случаи поврзани со оваа болест.
