Казахстанското министерство за сообраќај, соопшти дека во урнатиот авион на компанијата од Азербејџан, имало државјани од четири земји. Во него имало 37 граѓани на Азербејџан, шест државјани на Казахстан, три на Киргистан и 16 руски државјани.
Руската агенција за надзор на авионскиот сообраќај, соопшти дека првите информации укажуваат дека пилотот се одлучил принудно да слета поради тоа што авионот удрил во јато птици.
Некои неофицијални информации говорат дека летот од Баку до Грозни, не слетал на крајната дестинација поради украински напад, па бил пренасочен кон Махачкала. Меѓутоа таму имало гтуста магла, па се решил да слета во Актау.
Казахстанскиот претседател Касим-Јомарт Токајев нареди истрага за несреќата, а претседателот на Азербејџан Илхам Алиев ја прекина посетата на Санкт Петербург и се врати во Баку.
Во меѓувреме рускиот претседател Владимир Путин изрази сочувство на азербејџанскиот колега.
Во меѓувреме се појави нова снимка, која покажува дека неколку минути пред падот, авионот одел горе-доле.
This video shows what happened in the minutes before the plane crash in Kazakhstan. The plane repeatedly went up and down before crashing. pic.twitter.com/dQ0H1c9R0R
— BNO News Live (@BNODesk) December 25, 2024