Наместо достава на храна до вашите домови, 130 велосипедисти во Виена започнуваат со доставување на бесплатен ПЦР тест на лица со симптоми на коронавирус, без да ги напуштат своите домови.
Во име на здравствените власти, куририте собираат и доставуваат до илјада тестови секој ден во различни лаборатории во главниот град на Австрија. Резултатите се добиваат од 24 до 48 часа, а на пациентите им се соопштува преку веб-страница на која може да се пристапи со персонализиран ПИН-код испратен преку СМС-порака до мобилниот телефон на пациентот.
Кај нас процесот за тестирање се уште се одвива само во лабораториите. Утре ќе биде отвотен и нов пункт кој ќе ја забрза процедурата за тестирање од Ковид-19.
На прашањето за тоа дали тестовите ќе ги има во продажба во аптеките, Караџовски истакна дека тестовите за Ковид-19 не се тестови за бременост па да се продаваат во аптеките, туку дека има точен протокол по кој се врши тестирањето и дека тој се почитува.
