Одделението за внатрешни работи Кичево поднесе кривична пријава против Е.Н.(20) од гостиварското село Долна Бањица, Ф.А.(19) од селото Чегране, гостиварско и Д.С.(39) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 26.02.2020, при преглед извршен во патничко возило „опел мерива“, управувано од Д.С., во кое биле и другите пријавени, полициските службеници пронашле и одзеле кеса со 1,65 килограми марихуана.
