– Во втората половина на јуни седнуваме со партнерите од коалицијата за да разговараме како понатаму, така што мислам дека ќе имаме формат во втората половина од јуни, изјави премиерот Христијан Мицкоски во врска со најавите за реконструкција на Владата, пренесува ТВ21. Мицкоски рече дека во моментов е фокусиран на внатрепартиските промени во ВМРО-ДПМНЕ.
Премиерот истакна дека не гледа причина за отстранување на ЗНАМ од владината коалиција, имајќи предвид дека пратеникот Миле Цеков ја напушти партијата и парламентарното мнозинство.
„Ако гледаме така, има и други партии во коалицијата кои имаат помалку или повеќе пратеници. Тоа е жива материја, тој процес е динамичен“, додаде Мицкоски.
Коментирајќи ја оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи, Мицкоски ги демантираше наводите дека тој со месеци не одел на работа.
„Премиере, вицепремиерот Арбен Фетаи вчера поднесе оставка од функцијата бидејќи со месеци не доаѓал на работа во Владата… – Од каде знаете дека со месеци не доаѓал на работа? – Таква беше информацијата… – Вие ли го водите неговиот картон? Вие претходно изјавивте дека не доаѓа на работа. – Не, кога сум кажал? Не се сеќавам. Од ВЛЕН беше, министерот Азир Алиу од ВЛЕН кажа пред извесно време. Тогаш него прашајте го. Инаку, таа информација не е точна“, изјави Мицкоски.
