Во вторник ќе биде познат министерот за здравство – Меџити: Ќе имаме ист број пратеници и по заминувањето на Таравари

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По разговорите што има имаме деновиве најверојатно во текот на идната недела ќе предложиме кандидат за министер за здравство. Ова го изјави вицепремиерот Изет Меџити кој повтори дека ресорот здравство останува во ВРЕДИ, но не сакаше да открие повеќе детали за тоа кој би можел да го наследи Таравари.

„Деновиве сме во преговори за повеќе опции не како замени туку политички опции па ќе видиме како ќе заврши тоа па врз основа на тоа после ќе дадеме нов предлог и за здравство.“, рече Меџити.

За тоа дека ресорот здравство останува во ВРЕДИ потврди и Бојан Стојаноски пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Според него одлуката на Таравари да замине од Владата е многу погрешна.

„На седницата на 20-ти значи наредната недела оставката на господинот Таравари ќе биде констатирана. До овој момент во Собранието не се поднесени оставки од другите членови на Владата. Од аспект на ресорите она кое е важно е дека тоа што е договорено од аспект на застапеност на сите политички партии би останало еквивалентно, додека за другите би кажал нема голема веројатност за менување на ресорите најверојатно ќе останат истите.“, изјави Стојаноски.

Меџити рече дека владиното мнозинство е стабилно и потврди дека во игра се 4 пратеници кои од Европскиот фронт се очекува да прејдат во редовите на парламентарното мнозинство, со што како што рече Меџити и без Таравари ќе имаат 13-14 пратеници. Дали тоа значи дека преговара со Алијанса за Албанците на Села, Меџити не секаше да открие, само рече дека се дел од Европскиот фронт.

„Во моментот Владата има стабилно мнозинство и веќе има иста бројка на пратеници можам да кажам и по заминувањето на Таравари пред да заврши целиот сплет на околности како ќе заврши таму и во моментот има и во албанскиот дел легитимитет и во моментот има иста бројка и без Таравари. Ќе бидат поддршка за Владата, дел од мнозинството, некои во ВРЕДИ, но сите тие се од Европскиот фронт“, рече Меџити.

Според Меџити поголемиот дел од крилото на Таравари се против заминување со ДУИ, а потврди и дека во Владата останува и министерот за добро владеење Арбен Фетаи. Вчера беше формирана нова пратеничка група во која биле поканети и пратениците на Таравари. Пратеничката група се формира без нив а координатор сега е Беким Ќоку.