Во земјава пристигнаа 500 илјади вакцини „Синовак“, колку пари ја чинеа државата овие вакцини?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Овој авион полета од Кина и напладне слета во Скопје, со себе ја носи најголемата количина вакцини во земјава. Ова е втор авион од Кина во денешниот ден кои со себе донесоа 500 илјади вакцини Синовак. За да го пречекаат авионот присутни беа кинескиот амбасадор со државниот секретар Иванка Стојаноски.

„Организацијата за јавно здравје ја одобри вакцината Синовак за итна употреба на 1 јуни, исто како и вакцината Синофарм. Кина сега ги вакцинира граѓаните на возраст од 3 до 100 години. Над 1.1 билион дози вакцини се аплицирани во Кина. Верувам дека вакцините ќе и помогнат на Северна Македонија да стекне колективен имунитет за да може да ги заштити своите граѓани.“, рече Жанг Соу, Амбасадор на Република Кина.

Бидејќи ова е најголемата доза вакцини кои не се донација туку се купени, државната секретарка беше прашана колку ја чинеа земјава овие вакцини.

Вакцините кои стигнаа денеска ќе се распределат по сите градови во земјава. Од МЗ велат дека со оваа количина вакцини се очекува забрзување на процесот за постигнување колективен имунитет.