Теренската вакцинација во тетовскиот регион почна од општина Желино. Лекарите и медицинските сестри во ова село ги нудат вакцините Синофарм и Астра Зенека. Но, она што го привлекува вниманието е дека има мала заинтересираност за вакцинирање.
„Заинтересираноста на граѓаните не е на потребното ниво. Ова не е според очекуваното, бидејќи поголемиот дел од граѓаните оваа фаза ја поминаа во централните пунктови низ градовите“, истакна Бесник Мустафаи.
Постарите лица велат дека се задоволни што можат да се вакцинираат во нивното населено место и што не мора да одат низ вакциналните пунктови.
„Оваа одлука, кој и да ја донел, лекар или некој друг, е многу добра, бидејќи има луѓе кои не можат да одат во болница од автобуската станица. Вака е многу подобро“.
„За здравјето на луѓето е, затоа треба да се прими вакцината, не ја даваат залудно“.
Дел од граѓаните пак, што ги анкетиравме во Желино велат дека не сакаат да се вакцинираат и не се сигурни дали да ја примат вакцината.
„Не, не планирам, не верувам во неа, поздрав сум вака“.
„Не, воопшто. Немам доверба“.
„Нема да одам да се вакцинирам. Не. Не знаеме ниту што содржи“.
Теренската вакцинација против Ковид-19, без закажан термин во земјава започна од вчера.
