Координативна средба на кандидатите за пратеници, за изборна единица 1, од коалицијата на СДСМ.
„Нашата држава веќе со месеци е фокусирана и сите капацитети ги вложува во справување со пандемијата во интерес на животот и здравјето на граѓаните и справување со економските последици од оваа голема криза. Неопходно за да можеме да продолжиме токму во функција на животот и здравјето на граѓаните е да имаме целосно функционални и легитимни институции, затоа нашиот став е дека веднаш штом се исполнат законските и здравствените услови треба да ги одржиме одложените предвремени парламентарни избори. Токму на овие теми со кандидатите за пратеници за ИЕ 1, од листата предводена од СДСМ денеска имавме еден работен состанок и поразговаравме за сите аспекти од ова важно прашање“, истакна Никола Димитров.

„Она коешто денеска на координативниот состанок го заклучивме е дека на сите нас најважно ни е здравјето на граѓаните и никако не би можеле да правиме компромис за тоа прашање, исто така заклучивме и дека како Влада покажавме сериозност и посветеност во справувањето и со здравствената криза, но и со социоекономската криза, оваа Влада во овој период покажувајќи ги тие резултати навистина донесе големи чекори и оствари големи задачи, но за да може да продолжиме со исто темпо во наредниот период потребно е да знаеме дека потребна е Влада со политички мандат, но исто така потребно е да сите институции да бидат ставени во функција се со цел поквалитетно и поинклузивно да се справуваме со сите предизвици коишто се денес, но и следуваат. Домашните и светските експерти зборуваат дека оваа здравствена криза нема да заврши денес ниту наредниот месец и дека со неа ќе треба да се навикнеме да живееме“, порача Мила Царовска.
Таа посочи дека политичкиот мандат на една Влада е неопходен, па затоа штом се создадат услови од страна на здравствената ситуација треба да излеземе на фер и демократски избори.
Во продолжение видео од изјавите на носителите на листа за пратеници за ИЕ1 од СДСМ, Никола Димитров и Мила Царовска.
