Во живо од ГОБ „8-ми септември“, како се врши интервенција врз ковид-позитивни пациенти?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во живо од ГОБ „8-ми септември“ во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 се вклучи и д-р Владимир Ристовски, интервентен кардиолог кој посочи како се врши интервенција врз ковид – позитивни пациенти.

Тој посочува дека моментално во однос на одделенијата во ГОБ „8-ми Септември“ има преку 120 пациенти кои се позитивни на коронавирус, од кои што 27 пациенти се на интензивна нега.

„Знаете дека имаме два тријажни дела односно ургентен и тријажен дел. Во тријажниот дел секојдневно поминуваат преку 100 пациенти што бараат помош од нас, кои што се позитивни или високо суспектни за коронавирус и дополнително тука се двете амбуланти за инфективно каде што и таму бројот поминува над 100 пациенти“, вели д-р Ристовски.