ВО ЖИВО: Полетајте кон Вселената со најбогатиот човек на светот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најбогатиот човек на светот, Џеф Безос денеска во 15 часот од космодромот „Лонч сајт уан“ во западен Тексас ќе полета кон Вселената во првиот свој лет преку неговата компанија „Блу ориџин“.

Пустинското место на полетувањето е на околу 40 километри од најблискиот град Ван Хорн.

Покрај Безос, кон Вселената ќе патуваат и неговиот брат Марк Безос, 82-годишната пионерка жена-авијатичар Воли Фанк и 18-годишниот Оливер Даeмен

Се очекува тие да патуваат 11 минути до работ на вселената во ракета и капсула која е целосно автоматизирана.

Патниците ќе доживеат три до четири минути бестежинска состојба во суборбиталниот простор пред нивната капсула со големи падобрани да се спушти во пустината во Тексас, близу до местото на лансирањето.