Светот се подготвува за новогодишната ноќ, но прославите за милијарди луѓе овој пат ќе бидат поскромни заради пандемијата на коронавирусот и строгите епидемиолошки мерки.
По тешката година во која најмалку 1,7 милиони луѓе починаа од ковид-19, новите бранови на инфекција ги принудија властите повторно да воведат карантин, поради што многу луѓе ќе ја дочекаат Новата година гледајќи телевизија во своите домови.

Од Сиднеј до Рим, огномет, оган и настапи во живо ќе се следат преку Интернет или на телевизија, доколку не бидат откажани.
Во Сиднеј, најголемиот град во Австралија, се организираше спектакуларен огномет, во присуство на мала публика.
Видеото од дочекот на Новата година во Сиднеј можете да го проследите ТУКА!
Инаку, Новата година пристигна и во Нов Зеланд, а првите земји што ја прославија беа островската земја Самоа и делови од Кирибати.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:
