Во Зоолошка градина Скопје се родија две преслатки близначиња лемури, кои веќе го разубавуваат своето живеалиште со разиграноста и љубопитноста.
Лемурите се примати кои потекнуваат од Мадагаскар и се познати по своите долги опашки, големи очи и силно развиено чувство за заедница. Тие живеат во групи, комуницираат со звуци и мириси, а мајките се исклучително грижливи, носејќи ги своите младенчиња постојано со себе.
Интересно е што кај лемурите владее матријархат – женките се главни во своите групи.
Овие нови животи се уште еден доказ за успешната грижа и посветеност на тимот на Зоолошка градина Скопје, кој континуирано работи на добробитта и развојот на животинските видови во својот парк.
